Жените од Куманово ќе можат да закажат бесплатна мамографија денеска на плоштадот

Сподели со своите пријатели

Здружението на виши и средни медицински сестри, техничари и акушерки од Куманово, со поддршка на Општина Куманово, денеска во периодот од 10 до 12 часот, ќе организира здравствена акција на градскиот плоштад под мотото „Информирај се – Заштити се! Дај ѝ црвен картон на болеста!“

Loading...

Во рамки на оваа превентивна активност, жените на возраст од 40 до 69 години ќе имаат можност да закажат бесплатна мамографија преку порталот „е-здравство“, доколку во последните две години не направиле ваков преглед.

Иницијативата има за цел да ја подигне свеста за раното откривање на ракот на дојка и важноста од редовна контрола.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Општина Куманово со повик за финансиска поддршка на здруженија во социјалната сфера

На настанот ќе бидат поделени брошури за самопреглед на дојки, како една од клучните превентивни мерки за навремено откривање на евентуални промени.

Исто така, присутните ќе можат да добијат стручни совети поврзани со унапредување на репродуктивното здравје на жената, со акцент на важноста од грижата за сопственото тело и редовната здравствена едукација.

Организаторите ги повикуваат сите заинтересирани сограѓанки да ја искористат оваа можност за информирање, превенција и навремено дејствување, бидејќи – како што велат од Здружението – „превенцијата спасува животи“.

Никола Ивановски