Дваесетгодишно момче од Куманово вчеравечер загина откако со мотор излетало од патот во село Орашац кон магистралата Куманово – Свети Николе.
– На 03.06.2025 околу 21.00 часот во СВР Куманово е пријавено дека на локален пат од с.Орашац, кумановско, кон регионален пат Куманово-Свети Николе, М.П.(20) од с.Доброшане, кумановско, управувајќи мотоцикл „бмв“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бетонски столб, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Од здобиените повреди мотоциклистот починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.
– Увид извршила екипа од СВР Куманово, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, велат од полицијата.
Никола Ивановски