Земјотрес со интензитет од 5,8 степени според Рихтеровата скала го погоди медитеранскиот брег на Турција, поточно градот Мармарис, објави синоќа Турската агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (AFAD), едно 14-годишно девојче почина поради паника, а 69 се повредени.
Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја објави дека 14-годишната Афранур Гунлу, која беше однесена во болница поради напад на паника, починала.
Во соопштението се наведува дека епицентарот на земјотресот бил во Средоземното Море на длабочина од 67,91 километри и дека се случил во 02:17 часот наутро, и дека бил почувствуван во соседните региони, вклучувајќи го и грчкиот остров Родос, објави турската телевизиска станица НТВ.
Гувернерот на Мармарис, Идрис Акбијик, изјави дека луѓето се претежно повредени кога скокале од прозорци или балкони во паника, но дека нема веднаш извештаи за поголема штета.