Сите горива бележат минимално поевтинување од вечерва на полноќ, информира Регулаторната комисија за енергетика.
Loading...
Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се намалува за 0,5 денари и ќе изнесува 74,5 денари за литар. Исто толку се намалува и цената на ЕУРОСУПЕР 98+, кој од утре ќе се продава по 76,5 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ, исто така, поевтинува за 0,5 денари и новата цена ќе биде 65 денари за литар.
Намалување има и кај екстра лесното масло за домаќинство – од досегашните 68 денари, цената паѓа на 67,5 денари. За разлика од останатите деривати, цената на мазутот се зголемува за 0,4 денари, па од утре ќе изнесува 37,9 денари по килограм.