Најмалку пет лица загинаа во руско гранатирање и воздушни напади во близина на југоисточниот украински град Запорожје, додека во напад со беспилотно летало во североисточниот украински регион Сумски во понеделник наутро беа повредени најмалку шест лица, меѓу кои и две деца, соопштија регионалните власти, според Ројтерс.
Танјуг, повикувајќи се на украинските медиуми, објави дека најмалку шест лица, меѓу кои и едно дете, се ранети во напад на руски беспилотни летала врз град во североисточен украински град.
Гувернерот на Запорожје, Иван Федоров, изјави на апликацијата за пораки Телеграм дека три жени се убиени во руско гранатирање на селото Тернувате, источно од Запорожје, доцна во неделата.
Продавница и неколку куќи се тешко оштетени.
Еден маж е убиен во блиска област во руски напад со водена воздушна бомба, рече Федоров.
Вкупно девет лица се ранети во руските напади, а уништена е и приватна куќа.
Ранети во Суми и Харков
Две деца се меѓу ранетите во нападот со руски беспилотни летала врз регионот Сумски, изјави Олех Синехубов, гувернер на регионот, на Телеграм во понеделник.
„Меѓу жртвите е и седумгодишно момче“, рече Синехубов.
Тој додаде дека неколку згради низ целиот регион се оштетени.
Градоначалникот на Харков, Игор Терехов, изјави на Телеграм дека во градот се слушнале три експлозии и дека избувнал пожар, пренесува Укринформ.
Терехов истакна дека во нападот се оштетени деловна зграда, како и неколку приватни куќи и автомобили.
Нападите се случуваат во време кога Русија и Украина се подготвуваат за втора рунда мировни преговори во Истанбул, Турција, обидувајќи се да најдат начин да ја завршат војната што Русија ја започна со инвазијата на својот помал сосед пред повеќе од три години, пишува Ројтерс.