Карол Навроцки победи на претседателските избори во Полска

Сподели со своите пријатели

Кандидатот на конзервативните националисти, историчарот Карол Навроцки, победи на претседателските избори во Полска против либералниот градоначалник на Варшава Рафал Чашковски, објави утрово Националната изборна комисија.

Loading...

Според податоците на таа комисија, Навроцки освоил 50,89 проценти од гласовите, а Цашковски 49,11 проценти во вториот круг од претседателските избори што се одржаа во неделата.

Агенцијата Франс Прес оцени дека резултатите од изборите ја истакнуваат поларизацијата во земја членка на НАТО и Европската Унија.