Авион се урна во Германија, еден загинат (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во Долна Саксонија, на север од Германија, се урна мал авион, а пилотот загина, соопшти полицијата.

Loading...

Во соопштението се наведува дека пилотот бил сам во авионот и дека авионот се урнал во дрвја.

Се нагласува дека причината за несреќата засега е непозната и дека е отворена истрага, објави „Шпигел“.

Покрај полицијата, на местото на настанот присуствуваа и неколку локални противпожарни служби, служби за итни случаи и хеликоптер за спасување.

Во саботата, мал авион се урна во станбена зграда во Коршенбрих, во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија, што предизвика пожар во дел од зградата.

Најмалку две лица загинаа.

 

Loading...