Најмалку две лица загинаа синоќа во руско бомбардирање на југот на Украина, додека десет лица беа повредени во напади со украински беспилотни летала во Русија.
Loading...
Во Запорожје, меѓу загинатите е деветгодишно девојче, а 16-годишно момче е повредено во бомбардирањето, напиша на Телеграм шефот на регионалната администрација, Иван Федоров.
Тој додаде дека во нападот се уништени неколку згради во селото недалеку од фронтовската линија.
Градовите Херсон, каде што загина уште една жртва, и Харков исто така беа цел на нападот.
Руската страна објави дека најмалку 10 лица се повредени во нападите на украински беспилотни летала врз Курската област синоќа.