Живиот вулкан ов Ијен, Индонезија е сопственик на големи количини сулфур, чија „берба“ се смета за најтешка работа во светот, а тамошните рудари, кои редовно го ризикуваат животот работејќи ја оваа работа во крајно нехумани услови се платени околу 12 долари дневно.
Рударите редовно носат руда со тежина на еден човек на својот грб и раменици, опремени се само со крпи со кои си го прикриваат лице и при високи температури си го ризикуваат животот од отровните гасови, што често остава долгорочни последици по здравјето на рударите, пишува СиЕнЕн.
Овој вулкан не еруптирал веќе 64 години, но тој е активен што претставува основа опасност по работниците кои како се смета се очигледно најхрабрите работници во светот.
Секој од нив по враќањето мора да балансира со две огромни корпи на грбот, полни со врел сулфур, тешки околу 80 килограми, кој се откинува од подот на кратерот на вулканот.


