Израелската армија пресретна ракета истрелана од Јемен

Сподели со своите пријатели

Израелската армија денес објави дека пресретнала ракета истрелана од Јемен кон територијата на Израел.

Loading...

Сирени за тревога се огласија во неколку израелски региони.

Армијата на Телеграм соопшти дека „ја пресретнала ракетата откако се вклучиле сирените во неколку области во Израел“.

Од почетокот на војната во Појасот Газа, јеменските бунтовници Хути, во знак на солидарност со Палестинците, ја презедоа одговорноста за десетици ракетни напади врз Израел, од кои огромното мнозинство беа пресретнати.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хамас размислува за примирје, но војната се уште трае: Ќе дојде ли до договор?