Фото клуб „Куманово“ ве поканува на јубилејното, десето, издание на „Малински фото фестивал“ кое ќе се оддржи од 30 мај до 1 јуни во Куманово и Штип.
Овој настан, именуван и посветен на Малински- првата фотографска фамилија од Македонија, од ентузијастичен собир на локални фотографи, успеа да прерасне во најпрестижниот фотографски настан на Балканот. Интересот расте од година во година, привлекувајќи илјадници посетители и учесници годишно.
Целта на фото фестивалот е да овозможи платформа за претставување на дела од светски познати фотографи, но и почетници кои допрва навлегуваат во водите на уметничката фотографија. Овие фотографии, како минливи моменти замрзнати во времето, раскажуваат приказни кои се сведоци на еволуцијата на уметноста, човекот и светот во кој тој припаѓа. Користејќи ја моќта на визуелното изразување, фотографите побудуваат емоции, истакнуваат важни социјални прашања и поттикнуваат промени.
Годинава, членовите на Фото клуб „Куманово“ внимателно изготвија уникатна програма за сечиј вкус, прикажувајќи широк спектар на теми и стилови- од класични портрети до експрериментални дела:
30 мај (петок) –Куманово
19:00 Занаетчиски дом | Клупска изложба на фото група Широк Агол
19:30 Занаетчиски дом | Фото проекции Слаѓана Пантелиќ (Србија), Даниела Минева (Бугарија), Виктор Трајковски (Македонија), Јавор Минчев (Бугарија), Лу Минг (Кина), (Турција), Валери Христов (Бугарија), Џихан Савран (Турција), Хулја Аричи (Турција), Константин Зајков (Бугарија), Мустафа Донмез (Турција)
31 мај (сабота) –Куманово
09:00 Зебрњак | Фото сесија со модели
12:00 НУЦК Трајко Прокопиев | Меѓуклупскa изложба Круг
14:00 Уметничка галерија | Самостојна изложба на Славиша Станковиќ
14:30 Уметничка галерија | Клупска изложба Тумба
18:00 Фото клуб Куманово | Самостојна изложба на Наум Цветковски
1 јуни (недела) –Штип
10:00 Библиотека Гоце Делчев | Мајстори на НПУМ
10:30 Околина на Штип | Фото сесија
14:00 Затворање на фестивалот
Интегрално соопштение