Реконструирани три улици во населбата Карпош (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Три улици во кумановската населба Карпош се реконструирани, информираше денеска градоначалникот Максим Димитриевски.

Loading...

 

 

Како што додаде тој станува збор за улиците „152“, „154“ и „155.

– Со секој успешно реализиран инфраструктурен проект, го подобруваме сообраќајот, безбедноста и целокупниот урбан изглед на градот.  Продолжуваме со динамична реализација на годишната програма, со нови проекти во интерес на сите граѓани, вели Димитриевски.

 

Loading...

 

Претходно беше асфалтирана и улицата „Никола Тесла“, поголем проект кој општината го реализира со Министерството за транспорт и Јавното претпријатие за државни патишта.

 

 

Во меѓувреме се тампонираше и пат во селото Горно Којнаре, додека активно се работи и на целосна реконструкција на улицата „Моша Пијаде“ во центарот на градот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тинејџери од Куманово добија кривични под сомнение за насилство

 

Loading...

 

 

 

Никола Ивановски