Четириесет и петгодишник од Куманово бил приведен вчеравечер под сомнение дека украл пари од приватен имот.
Loading...
– На 21.05.2025 во 22.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.З.(45) од Куманово поради сомнение дека од приватен имот на улица „Косовски бригади“ во Куманово одзел пари, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица, парите биле пронајдени и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски