Триесет и шестгодишен кумановец бил измамен за сума од 1.700 долари од лице кое нудело да му води спор со странска осигурителна компанија.
Loading...
– СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.В.(36) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од МВР, во текот на август 2024 година, пријавениот му понудил на лице од Куманово да му го води спорот со странска осигурителна компанија, а откако се договориле, во два наврати му земал вкупно 1.700 долари, но договореното не го исполнил.
Никола Ивановски