Американскиот претседател Доналд Трамп по телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин изјави дека нема да ги заострува санкциите кон Русија за да не го комплицира процесот на решавање на украинската криза.
– Мислам дека сега постои шанса да се направи нешто и ако јас би направил нешто такво (да ги проширам санкциите), тогаш сè би можело да биде многу полошо – им рече тој на новинарите во Белата куќа.
Сепак, тој додаде дека може да дојде време кога санкциите ќе бидат заострени.
На прашањето дали верува дека Путин сака мир и дали му верува, Трамп одговори потврдно.
Американскиот претседател го нарече Путин „пријатен господин“.
– Имавме добар разговор, мислам дека постигнавме напредок – рече тој.
Да потсетиме дека Путин и Трамп разговараа по телефон во понеделник, а поголемиот дел од разговорот беше посветен на Украина.
Според рускиот претседател, телефонскиот разговор траел повеќе од два часа. Путин истакна дека Русија е подготвена да соработува со украинската страна на меморандум во врска со идниот мировен договор.
По разговорот, Трамп нагласи дека не воведува нови санкции кон Русија бидејќи постои шанса за решавање на украинската криза.