Руте: Многу е позитивно што САД се вклучени во мировните напори

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес изјави дека е „многу позитивно“ што Соединетите Американски Држави се вклучени во напорите за постигнување мир во Украина, но дека клучен елемент е тоа што Европејците и Украина се консултирани во процесот.

Loading...

– Се надеваме на резултати што е можно поскоро, но тоа не е секогаш можно, бидејќи конфликтот е многу сложен. Мора да одиме чекор по чекор. Ќе видиме што ќе се случи оваа и следната недела – изјави Руте пред почетокот на состанокот на Советот на министри на ЕУ за надворешни односи, објави Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ни Трамп повеќе не го споменува: Зошто милијардерот Илон Маск исчезна од очите на јавноста?

Претседателите на Соединетите Американски Држави и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, вчера разговараа телефонски два часа, а Трамп по разговорот изјави дека Русија и Украина треба веднаш да започнат преговори за прекин на огнот и крај на војната.

Трамп одби да ги заостри санкциите против Русија, бидејќи верува дека постои можност за напредок во мировните преговори.