Проучувањето на функционирањето на мозокот кај животните може да понуди вредни сознанија за еволуцијата на човечките когнитивни способности, како и да помогне во развојот на понапредни вештачки системи.
Ова го покажа студијата на научници од австралискиот универзитет Монаш.
Според студијата, овие наоди можат да се користат за создавање поинтуитивна вештачка интелигенција и компјутерски биосистеми.
Раководителот на проектот, Скарлет Хауард, испитува како мозоците на малите животни, од механиката на летање на вилинските коњчиња до видот на пчелите, можат да инспирираат развој на напредни технологии што го имитираат движењето, однесувањето и перцепцијата на животните.
Хауард истакна дека животните можат да бидат важен модел за создавање нови технологии, особено во сферата на роботиката и вештачката интелигенција.
Според нејзината студија, објавена во списанието „Трендови во когнитивните науки“, многу процеси и начини на кои животните решаваат задачи и предизвици, како што е избегнување судири во лет, можат да доведат до попрецизни и адаптивни технологии, објави „Синхуа“.
Како што истакна Хауард, истражувањето заклучи дека разбирањето како животните реагираат на новите предизвици може да придонесе и за предвидување како тие се справуваат со промените во животната средина предизвикани од човекот.