На североистокот на Москва, распарчено тело на маж е пронајдено во две торби, соопшти руската полиција.
„Во ноќта помеѓу 17 и 18 мај, црна торба со телото на маж со отсечени екстремитети беше пронајдена во близина на станбена зграда на улицата Заповеднаја во Москва. Подоцна, темнозелена спортска торба со делови од телото беше пронајдена во паркот Јауза во близина на зградата на улицата Менжински“, се вели во соопштението.
Сторителот е приведен, а откриено е дека станува збор за 36-годишен маж, кој бил познаник на жртвата.
За да го прикрие злосторството, убиецот го распарчил телото и ја однел торбата во друг дел од Москва.
По откривањето на торбите, полицијата веднаш започна полициска потрага, а осомничениот убиец беше приведен неколку часа подоцна откако беше уапсен во станицата Казански, пишува „Раи Новости“.