Четириесет и петгодишен кумановец се здобил со тешки телесни повреди откако викендов паднал од четирицикл во кавадаречко.
Loading...
– На 17.05.2025 во 18.25 во ОВР Кавадарци е пријавено дека во 16.30 часот во с.Рожден, кавадаречко, С.С.(45) од Куманово, управувајќи четирицикл нa некатегоризиран пат во селото како дел од авантура организирана од здружение на граѓани на подрачјето од с.Мрежичко кон Рожден – Трибор – караула Пуљевац – Мајден и завршува до с.Мрежичко, паднал од четирициклот, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Притоа, како што додаваат од полицијата, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Кавадарци.
Никола Ивановски