Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 27 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Утринската температура ќе се движи околу 9 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 22 степени целзиусови.
Утре низ кумановско ќе имаме претежно сончево време со мала облачност и слаб до умерен западен и југозапден ветер. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 11 степени, а дневниот максимум ќе достигне 24 степени целзиусови.
Во среда ќе имаме облачно време со врнежи од дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од југ и југоисток, а температурите ќе се движат во интервал од минимални 11 до максимални 23 степени целзиусови.
Променливо облачно време ќе имаме во четврток. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се движи околу 10 степени, а максималната ќе достигне 24 степени целзиусови.
Претежно сончево и многу топло време со мала облачност ќе имаме во четврток. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер, а температурата ќе се движи од минимални 11 до максимални 27 степени целзиусови.
Петок носи претежно облачно време со кратки сончеви периоди и слаб до умерен северен и североисточен ветер. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 13 степени, а дневниот максимум ќе достигне 23. Ноќта кон сабота ќе имаме услови за нестабилност со дожд и грмотевици.
Во недела ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен ветер. Утринската температура ќе се движи околу 12 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 23 степени целзиусови.
Во текот на следната недела ќе се задржат слични температури, но со повеќе врнежливи денови.
Никола Ивановски