Осумнаесетгодишна кумановка се здобила со тешки повреди откако вчера со мотор удрила во бетонска жардиниера.
Loading...
– На 15.05.2025 околу 10.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на бул.„Октомвриска револуција“ во Куманово, А.Н.(18) од Куманово, управувајќи мопед „кимко“ со кумановски регистарски ознаки, изгубила контрола и удрила во бетонска жардиниера, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, во несреќата таа се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.
Никола Ивановски