Мерц разгледува санкции од ЕУ против руски имот

Сподели со своите пријатели

Канцеларот Фридрих Мерц не ја исклучи можноста новите санкции против Русија да ги вклучат и руските средства замрзнати од Европската унија.

Loading...

„Моментално ја истражуваме оваа опција“, рече тој во интервју за „Ди Цајт“.

„Доколку постои законска основа за мобилизирање на тие средства, ние ќе го сториме тоа.“

Сепак, Мерц предупреди за потенцијалните ризици што таков чекор би можел да ги донесе за европскиот финансиски пазар.

Германија, заедно со Франција, Велика Британија и Полска, ѝ се заканија на Русија со дополнителни санкции доколку не се согласи на прекин на огнот во Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германија воведува измени: Кој и како ќе служи воен рок во оваа земја?

За време на неодамнешната посета на Киев, лидерите на овие земји поставија рок до минатиот понеделник, на кој Русија не одговори.

ЕУ би можела да реагира со казнени мерки до крајот на оваа недела, додаде претходно Мерц.

Според податоците на Европската комисија, околу 210 милијарди евра од руската централна банка се замрзнати во ЕУ, од кои поголемиот дел се во финансиската институција „Евроклир“ во Брисел.

Loading...

Од средината на минатата година, ЕУ ги користи каматите од овие фондови за финансирање на снабдувањето со оружје и муниција за Украина.

Директната експропријација на средствата на руската централна банка предизвикува сомнежи во ЕУ поради правни проблеми и можни одмазди.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Експлозии на Крим, гори руско складиште за муниција (ВИДЕО)

Во 2023 година, Москва ја предупреди ЕУ да не конфискува имот на руската држава или на руските граѓани.

Доколку ЕУ преземе таков чекор, Русија би можела да возврати со конфискација на средствата на европските компании што работат во Русија.

Исто така, експропријацијата на руски имот би можела да ја разниша довербата на другите земји и инвеститорите во Европската Унија.