Украинскиот државјанин Роман Лавринович денес е обвинет за подметнување пожар со намера за загрозување на животот, по пожарот во два имота и автомобил поврзан со британскиот премиер Кир Стармер.
Лавринович (21), украински државјанин од Сиденхам, југоисточен Лондон, треба да се појави утре пред Прекршочниот суд во Вестминстер, соопшти лондонската полиција.
Итните служби беа повикани на местото на пожарот во раните утрински часови во понеделник во куќата во Кентиш Таун, северен Лондон, каде што Стармер живеел со своето семејство пред да стане премиер.
За време на пожарот, имаше штета на влезот на имотот, но никој не беше повреден, додека минатиот четврток беше запален автомобил на истата улица, јавува Скај њуз.
Во неделата, уште еден пожар избувна на влезната врата од куќа претворена во станови во Ислингтон, исто така поврзан со премиерот.
Лондонската противпожарна бригада соопшти дека едно лице е однесено на безбедно место преку внатрешно скалиште со помош на екипи кои носат апарати за дишење.