ЖОЛТ МЕТЕО АЛАРМ: 12 литри дожд изминатото деноноќие во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вкупно 12 литри дожд на метар квадратена наврнале во текот на изминатото деноноќие во Куманово покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Најмногу дожд, како што додаваат, наврнал на Попова Шапка, 27 литри не метар квадратен.

Низ државата денеска ќе се задржи Облачно и свежо време со повремени врнежи од дожд.

Наместа врнежите ќе бидат обилни и до крајот на денот ќе наврне над 30 l/m 2 .

 

 

Кон крајот на денот на повисоките планини на северозапад ќе има услови врнежите од дожд да преминат во повремен слаб снег.

Loading...

Претпладне ќе дува слаб до умерен југоисточен, а попладне и во текот на ноќта наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Општинскиот сојуз на училишен спорт Куманово донираше реквизити за училиштата

Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 15 степени.

За подрачјето на Куманово за денеска е издадено жолто метео предупредување за опасност од дожд.

 

 

Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а температурата ќе се движи од минимални 5 до максимални 12 степени целзиусови.

Ноќва се очекува врнежите да престанат.

Loading...

 

 

Утре ќе имаме претежно сончево време со мала облачност и дневен максимум од 17 степени целзиусови.

 

 

Во недела низ кумановско ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 6 до максимални 20 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Косовец приведен на влезот на Куманово, пренесувал брендирана облека без документација

 

 

И следната работна недела ќе се задржи променливо време, со благ пораст на температурите.

Никола Ивановски

Loading...