Турција ќе ги казнува патниците кои пребрзо ќе ги откопчаат безбедносните појаси по слетувањето и ќе станат од своите седишта.
Новиот закон, исто така, ќе се обиде да ги спречи патниците кои сакаат да излезат пред другите патници од редовите напред, па затоа прерано ги откопчуваат врските, ги земаат торбите и брзо излегуваат од авионот дури и пред пилотот да даде сигнал дека е дозволено да го сторат тоа.
Турските воздухопловни власти објавија дека добиле поплаки за патници кои се обидуваат да го заобиколат ова правило, па затоа преку инспекции на летови потврдија дека многумина не го почитуваат.
Самиот закон не одредува колку ќе биде казната, но турската телевизија Халк објави дека таа ќе изнесува 2.603 лири, односно 60 евра.
Законите за воздухопловство во многу земји им забрануваат на патниците да ги откопчуваат безбедносните појаси додека е вклучен знакот за безбедносниот појас, но во пракса само оние кои го нарушуваат јавниот ред или пушат во тоалетот се финансиски казнувани.
Новиот закон би можел да ги казни и оние што се туркаат кон излезот иако патниците пред нив сè уште не излегле.
Затоа, на авиокомпаниите ќе им биде наложено да го објават следново соопштение: „Не станувајте и не одете по ходникот додека не дојде ваш ред да излезете од авионот“.
Авиокомпаниите кои не ги спроведуваат законите, исто така, би можеле да бидат казнети.