Три лица загинаа во руски ракетен напад во близина на Суми

Сподели со своите пријатели

Три лица загинаа во руски ракетен напад врз индустриска локација во близина на североисточниот украински град Суми, соопшти денес регионалниот гувернер Олег Григоров во објава на Фејсбук.

Loading...

Претходно, прес-службата на Сумиската регионална воена администрација (ОВА) објави дека вчера во руски ракетен напад врз индустриски објект во градот Суми, едно лице е убиено, а седум се повредени, од кои тројца се во исклучително тешка состојба.

Сумската област, на северната граница на Украина, спроти руската Курска област, беше цел на повеќе руски напади во повеќе од тригодишната војна, особено во последните неколку месеци, објави Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Нивото на состав на руската делегација е „декоративно“

Минатиот месец, 35 лица беа убиени во руски ракетен напад врз градот Суми на Цвета.