Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави денес дека американскиот претседател Доналд Трамп е отворен за секој механизам што би резултирал со праведен мир во војната меѓу Русија и Украина.
Рубио, зборувајќи пред продолжувањето на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи во Анталија, Турција, рече дека Вашингтон сака да види напредок постигнат во следните неколку дена, додавајќи дека нема воено решение за овој конфликт, пренесува Ројтерс.
Денес во Турција се очекуваат преговори меѓу делегациите на Москва и Киев, чија тема е прекинот на огнот во Украина, кој треба да се одржи во Истанбул.
Министрите за надворешни работи на НАТО од вчера се во Анталија на неформален состанок организиран од Турција.