Американскиот претседател Доналд Трамп го коментираше фактот дека рускиот претседател Владимир Путин не патува во Истанбул на директни преговори со Украина, што самиот го предложи.
Трамп моментално е во Катар, како дел од неговата турнеја на Блискиот Исток.
Новинарите го прашаа што мисли за тоа што Путин не се појави на разговорите во Турција.
„Зошто би одел ако јас не одам? Не мислев дека е можно Путин да оди ако јас не сум таму“, рече Трамп.
Тој додаде дека можеби ќе оди во Истанбул во петок доколку мировните преговори денес постигнат напредок.
Трамп истакна дека се надева оти Русија и Украина можат да „направат нешто“ бидејќи војната „мора да престане“.
„Би сакале да видиме крај на [војната] и мислам дека имаме шанса да го сториме тоа“, додаде Трамп.
За потсетување, денес во Истанбул ќе се одржат мировни преговори меѓу Украина и Русија, на кои ќе присуствува Зеленски, но не и Путин. Сепак, рускиот лидер го отфрли предлогот на Зеленски за средба лице в лице и испраќа руска делегација на разговорите.