Кина ги намали царините за увезени производи од САД

Сподели со своите пријатели

Кина ги прилагоди царините за увезените производи од Соединетите Американски Држави почнувајќи од 00:01 часот на 14 мај, објави во вторник Комисијата за царини при Кинескиот државен совет.

Loading...

Според тоа, Кина ќе ја измени примената на дополнителната царинска стапка „ad valorem“ за производи од Соединетите Американски Држави, утврдена со Одлуката на Комисијата за царински тарифи на Државниот совет бр. 4 од 2025 година, со суспендирање на 24 проценти од таа стапка за почетен период од 90 дена, задржувајќи ја преостанатата дополнителна стапка „ad valorem“ од 10 проценти за тие производи.

Кина, исто така, ги укина изменетите дополнителни тарифни стапки ad valorem воведени со Одлуката бр. 5 и Одлука бр. 6 од 2025 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ се заканува со одговор на американските царини ако преговорите не успеат

Комисијата изјави дека намалувањето на билатералните тарифи е во согласност со очекувањата на производителите и потрошувачите на двете земји и дека е корисно за економската и трговската размена меѓу Кина и САД, како и за глобалната економија.

Вчера, Министерството за трговија на Кина одржа прес-конференција, на која еден од новинарите поставија прашање поврзано со суспензијата, односно укинувањето на царинските контрамерки насочени кон Соединетите Американски Држави почнувајќи од 2 април 2025 година.

„Можете ли да ни кажете што се разгледува во врска со досиејата за контрола на извозот“, праша новинарот.

Портпаролот на кинеското Министерство за трговија одговори дека според релевантните закони и прописи за контрола на извозот, Министерството за трговија објавило известувања бр. 21 и 22, со кои вкупно 28 американски субјекти беа ставени на Листата за контрола на извозот, забранувајќи извоз на стоки со двојна намена.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп откри зошто Путин не оди во Истанбул: Зошто би одел, ако не одам јас?

„За да се спроведе договорот постигнат за време на економските и трговските преговори меѓу Кина и САД, одлучено е да се суспендираат горенаведените мерки за 90 дена од 14 мај 2025 година. Извозниците кои сакаат да извезуваат производи со двојна употреба во горенаведените 28 субјекти треба да поднесат барање до Министерството за трговија во согласност со релевантните прописи на Регулативата за контрола на извозот на производи со двојна употреба на Народна Република Кина“. Министерството за трговија ќе спроведе преглед во согласност со законот и правилата, а оние кои ги исполнуваат условите ќе добијат дозвола“, рече портпаролот.

Loading...

Покрај тоа, Кина воведе 90-дневен мораториум, кој стапува на сила на 14 мај, за ставање на 17 американски субјекти на листата на недоверливи субјекти, изјави во среда портпаролот на кинеското Министерство за трговија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД и ЕУ подготвуваат санкции врз енергетскиот и финансискиот сектор на Русија