УХМР најавува обилни врнежи од дожд, засилен ветер и заладување

Loading...
Сподели со своите пријатели

Под влијание на влажен бран, утре кон крајот на денот, во текот на ноќта кон петок и во петок најпрвин во западните, а потоа и во останатите делови, ќе има обилни врнежи од дожд (над 30л/м2).

На повисоките планини ќе има услови за повремен снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утре ќе дува умерен до засилен југоисточен, а во петок северен ветер (над 60км/ч), особено вдолж Повардарието.

Дневните температури значително ќе опаднат.

Во деновите од викендот и во понеделник ќе има услови за слаб локален дожд, а дневните температури повторно ќе бидат во пораст.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се воведува летен времен режим на сообраќај на македонските патишта

Никола Ивановски