Дваесет и двегодишна кумановка доби кривична пријава под сомнение дека го запуштила и навела на питачење сопственото дете.
Loading...
– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Р.(22) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,запуштање и малтретирање на дете“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Пријавената, како што појаснуваат од МВР; од користољубие и со грубо запоставување на својата должност за грижа и воспитување, го запуштила детето и го наведувала на питачење.
– На 10.04.2025, пријавената го однела своето дете на Граничен премин Табановце, при што од полициски службеници било затекнато како питачи, велат од МВР.
Никола Ивановски