Трамп: Иран е најдеструктивната сила, никогаш нема да има нуклеарно оружје

Сподели со своите пријатели

Доналд Трамп, претседателот на Соединетите Американски Држави, изјави дека Иран е „најдеструктивна сила“ на Блискиот Исток и предупреди дека САД никогаш нема да дозволат Иран да се здобие со нуклеарно оружје.

Loading...

„Најголемата и најдеструктивна сила на Блискиот Исток е Иран, кој предизвика незамисливо страдање во Сирија, Либан, Газа, Ирак, Јемен и пошироко. Иран има избор помеѓу продолжување на хаосот и теророт и прифаќање на патот кон мирот“, нагласи Трамп, додавајќи дека ова е „последно предупредување и потенцијална можност за дипломатија“, објави Ројтерс, пренесува Танјуг.

Тој додаде дека е подготвен да постигне нов договор со Иран, но само ако лидерите на земјата го променат курсот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп: Можни се директни разговори со Си за деталите од трговскиот договор

„Сакам да склучам договор со Иран. Но, ако иранското раководство ја отфрли оваа маслиново гранче, нема да имаме друг избор освен да примениме огромен, максимален притисок“, рече Трамп на инвестицискиот самит во саудискиот главен град Ријад.

Тој изјави дека ќе го намали извозот на нафта од Иран на нула и предупреди дека Иран никогаш нема да има нуклеарно оружје.

„Иран никогаш нема да има нуклеарно оружје. Ова не е понуда што ќе трае вечно“, нагласи тој.

Тој, исто така, направи силен контраст помеѓу она што го нарече „конструктивна визија“ на Саудиска Арабија и „колапсот и страдањето“ за кои рече дека се предизвикани од иранските лидери.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мала кинеска компанија инвестира 300 милиони долари во криптовалутата на Трамп

„Не може да има поголем контраст во однос на патот што го избравте на Арапскиот Полуостров од катастрофата што се одвива преку улицата во Иранскиот Залив“, заклучи Трамп.

Loading...

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, и претставникот на американскиот претседател Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф, во неделата во Мускат ја одржаа четвртата рунда преговори со цел решавање на спорот околу нуклеарната програма на Техеран.

Министерството за надворешни работи на Иран изјави дека последната рунда индиректни разговори со посредство на Оман била тешка, но корисна за подобро разбирање на позициите на двете страни и додаде дека времето и местото на следната рунда преговори ќе ги објави Мускат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Судир“ над нашите глави: Вселената во фокусот на големите сили

Разговорите имаат за цел ограничување на нуклеарната програма на Иран во замена за укинување на некои од тешките економски санкции што САД ги воведоа врз Иран.

Трамп постојано се закануваше дека ќе изврши воздушни напади врз нуклеарните постројки на Иран доколку не се постигне договор, додека иранските претставници постојано предупредуваа дека доколку преговорите не успеат, Иран би можел да се сврти кон нуклеарно оружје со оглед на неговите залихи од високо збогатен ураниум.