Најмалку 29 лица загинаа во израелските напади на север и југ од Појасот Газа

Сподели со своите пријатели

Најмалку 29 лица загинаа, а десетици се ранети во израелските воздушни напади на север и југ од Појасот Газа, соопшти утрово Цивилната одбрана на таа палестинска територија.

Loading...

Нападите се случија во зори во кампот Џабалија на север од Појасот Газа и западно од Кан Јунис на југ од територијата.

Портпаролот на Цивилната одбрана, Махмуд Басал, во Газа потврди дека најмалку 25 лица се убиени во Џабалија, додека четворица се убиени во Кан Јунис.

Палестинската цивилна одбрана синоќа објави дека најмалку седум лица се убиени во израелските напади на југот од Појасот Газа, додека израелската армија потврди дека целта била таа област.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Западните разузнавачки служби му помогнале на Мосад да убива Палестинци во 70тите

Како што изјави синоќа за „Франс прес“ Ахмад Радван, раководител на комуникациите на Цивилната одбрана на југот од Појасот Газа, според првиот биланс, седум лица загинале, а 30 се ранети во израелското бомбардирање во близина и во дворот на Европската болница во Кан Јунис.

Тој рече дека биле извршени девет израелски воздушни напади.

Фотографот Амро Табаш рече дека тоа била апсолутно катастрофална сцена, дека нападот бил извршен иако Светската здравствена организација ги подготвувала ранетите деца во болницата да бидат евакуирани од Газа утре.

Тој рече дека сите во болницата, и болните и ранетите, трчале во паника, некои со патерици.

Loading...

Израелската војска соопшти дека целта на нападот бил контролниот центар на Хамас, сместен во подземната инфраструктура под европската болница во Кан Јунис.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел издаде предупредувања за евакуација од три пристаништа во Јемен

„Терористичката организација Хамас продолжува да ги користи болниците во Појасот Газа за своите терористички активности, со што ја демонстрира својата цинична и брутална употреба на цивилното население присутно во болницата и нејзината околина“, додаде армијата.

Претходно денес, израелската армија објави дека е извршен втор напад врз командниот центар лоциран во болницата Насер, исто така во Кан Јунис.

Министерството за здравство на Хамас објави дека две лица се убиени, а неколку други се ранети. Според Цивилната одбрана, една од жртвите бил новинарот Хасан Аслих.