Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека во четврток во Истанбул ќе се сретне исклучиво со рускиот претседател Владимир Путин, а не со другите членови на руската делегација, објави украинскиот советник за медиуми.
Зеленски претходно изјави дека е подготвен да се сретне со Путин со цел да се преговара за крај на војната, објави Ројтерс.
Американскиот претседател Доналд Трамп понуди помош за предложените мировни преговори меѓу Украина и Русија.
Рускиот претседател Владимир Путин предложи продолжување на директните преговори со Украина без предуслови, кои беа прекинати во 2022 година, и дијалогот да започне на 15 мај во Истанбул, пренесува Танјуг.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски се согласи на разговори во Турција на 15 мај, но од самиот почеток рече дека сака лично да се сретне со Путин.
Русија сè уште не објави на кое ниво ќе учествува.