Ножеви и мачета пронајдени во автомобил на Табановце, приведени Романци

Сподели со своите пријатели

Два ножа и мачета биле пронајдени во возило со романски државјани на Граничниот премин Табановце, при што две лица биле приведени.

Loading...

– На 12.05.2025 на Граничен премин Табановце, при гранична контрола и преглед на патничко моторно возило со романски национални ознаки, управувано од А.Ф.Ј.(47) од Република Романија, биле пронајдени два ножа и мачета, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Како што додаваат од полицијата, А.Ф.Ј. и неговиот сопатник М.Л.(33) од Република Романија биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Брат и татко натепале кумановка на градскиот плоштад