Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево и топло време со мала облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи околу 10 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 25 степени целизусови.
Утре низ кумановско ќе имаме облачно време со услови за нестабилност со дожд и грмежи, особено во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерено засилен јужен ветер, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 11 до максимални 25 степени целзиусови.
Во среда ќе имаме променливо облачно време со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 9 степени, додека дневниот максимум се очекува да достигне 22 степени целзиусови.
Претежно облачно време со кратки сончеви периоди ќе имаме во четврток. Ќе дува слаб до умерен западен и југозападен ветер. Утринската температура ќе се движи околу 9 степени, а максималната дневна ќе достигне 22 степени целзиусови.
И во петок ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а температурата ќе се движи од минимални 9 до максимални 20 степени целзиусови.
Во сабота ќе имаме променливо облачно време со слаб до умерено засилен северен ветер. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 7 степени, а дневниот максимум ќе достигне 19.
Претежно сончево време со мала облачност ќе имаме во недела. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 7 до максимални 18 степени целзиусови. Ноќта кон понеделник се очекуваат врнежи од дожд.
Слично време ќе имаме и во првата половина од следната недела, додека втората половина ќе донесе врнежи од дожд.
Никола Ивановски