Две години од хеликоптерската несреќа кај Струмица

Сподели со своите пријатели

Делегација на Министерството за внатрешни работи, заедно со семејствата на трагично загинатите пилоти Драги Мицев, Иљо Лопатички, Марјан Трајковиќ и Тоде Орешков во хеликоптерската несреќа што се случи на 10 Јули 2014 година кај Струмица, денес одадоа почит на спомен обележјето во Аеродромската база ,„Брест“ во Петровец.

Пилот капетан Марјан Трајковиќ е роден е 1967 година во Куманово. Своето образование го продолжил како питомец на воздухопловната академија во Мостар, а потоа дипломирал на воена воздухоплованата академија во Задар, Хрватска во 1991 година.

Тој беше еден од четворицата пилоти кои загинаа во хелихоптерската несреќа во Струмица.