Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека во рамките на тековните дипломатски напори поврзани со нуклеарната програма на Иран, е подготвен да се сретне со врховниот верски водач на таа земја, ајатолахот Али Хамнеи, објавија денес американските медиуми.
Во интервју за списанието „Тајм“, Трамп нагласи дека е повеќе склонен кон преговори отколку кон конфликт, иако не ја исклучи можноста за воена акција за да се спречи Иран да добие нуклеарно оружје.
На прашањето на списанието „Тајм“ дали би се сретнал со претседателот или со врховниот лидер на Иран, Трамп одговори „секако“.
Краткиот, но директен одговор на Трамп ги одразува напорите на американската администрација да ја примени дипломатијата како веродостојна алтернатива на конфликтот иако притисокот врз Иран не престанува да расте, пренесува Танјуг.