Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Русија и Украина се приближуваат кон мировен договор и ги повика двете страни да се сретнат на високо ниво за да го финализираат договорот.
„Тие се многу блиску до договор и двете страни сега треба да се состанат на многу високо ниво за да го финализираат“, напиша Трамп доцна синоќа на платформата Truth Social, кратко по слетувањето во Рим, каде што ќе присуствува на погребот на папата Франциск.
Тој рече дека е постигната согласност за повеќето главни точки, пренесува Хина.
„Стоп на крвопролевањето, веднаш. Ќе бидеме секаде каде што е потребно за да помогнеме во завршувањето на оваа сурова и бесмислена војна“, рече Трамп.
Тој рече дека ова бил „добар ден“ на разговори и средби со Русија и Украина.
Специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, во петокот повторно се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во Москва.