Пратеникот на Трамп повторно во Москва: Следните неколку дена ќе бидат важни

Сподели со своите пријатели

Пратеникот на американскиот претседател, Стив Виткоф, денес пристигна во Москва, каде што, како што се очекува, ќе разговара за постигнувањето мир во Украина со шефот на руската држава, Владимир Путин.

Loading...

Виткоф веќе имаше три долги средби со Путин, според Ројтерс.

Американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот, по рускиот напад во кој загинаа 12 лица во Киев, побара од Путин да ги запре воздушните напади врз Украина.

Во исто време, Трамп оцени дека е постигнат значителен напредок во мировните преговори.

– Следните неколку дена ќе бидат многу важни. Состаноците се во тек. Мислам дека се приближуваме кон договор, изјави Трамп пред новинарите.