За четири месеци во Куманово реконструирани низа улици и изградени детски катчиња

Сподели со своите пријатели

Низа улици се изградени за неполни четири месеци на територијата на Општина Куманово, а градот е побогат и за четири детски катчиња.

Loading...

Како што информираат денеска од Општина Куманово од јануари до сега асфалтирани се 6.431 мери квадратни површина, а бекатон е поставен на површина од 11.743 метри квадратни.

 

 

Изградена е и атмосферска и фекална канализација во должина од шестотини метри.

– Од почетокот на оваа година до сега  општина Куманово спроведе значајни инфраструктурни проекти, со цел подобрување на урбаните и руралните области, велат од локалната самоуправа.

Меѓу реализираните проекти се:

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Движењето ЗНАМ за наша Македонија од Куманово ја започнa кампањата „ЗАЕДНО ПОВЕЌЕ ЗНАЕМЕ“

– Асфалтирање на улици „320“, „324„и „325“ во населба Ајдучка Чешма

– Асфалтирање на улица во Чифлик Маало во село Табановце

– Бекатонирање на улица „6“, „2“, „9“и крак 2 од улица „1“ во населба  Јане Сандански

 

 

– Бекатонирање на улица „101“, „102“ , „104“ во населба Карпош

– Бекатонирање на крак 1 од улица „Ѓорче Петров“ во населба Перо Чичо

Loading...

– Бекатонирање на улица „Цар Самоил“ во близина на градскиот стадион

 

 

– Бекатонирање на улица „604“ во Проевце

– Пробивање и изградба на нови улици во индустриска зона „Новини и Речица„

 

Loading...

 

– Изградба на атмосферска канализација на улица „Бајрам Шабани“,

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец кој управувал возило со 2,05 промили алкохол во крвта

– Изградба на тротоар на дел од улица ,,11 Ноември“

– Санација на локален пат во село Сушево

 

Loading...

 

– Реконструкција на улица  „705“ и дел од улица „Ѓорче Петров“ во населба Перо Чичо.

– Реконструкција на патен премин со железничка пруга во село Черкези.

Како што потенцираат од Општината, направени се три детски катчиња од кои едно на градскиот кеј , едно во населба Перо Чичо и едно во населба Зелен Рид.

 

Loading...

 

– Продолжуваме со реализација на годишната програма во сите делови на градот,во следниот период, стои во соопштението.

Никола Ивановски