Приведен кумановец кој управувал возило со 2,05 промили алкохол во крвта

Сподели со своите пријатели

Педесет и едногодишен кумановец бил приведен вчеравечер затоа што управувал возило со 2,05 промили алкохол во крвта.

Loading...

– На 23.04.2025 во 21.20 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода В.К.(51) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР, при контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,05 промили алкохол во крвта.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Претрес во Куманово, пронајдена дрога, приведени три лица

– По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението.

Никола Ивановски