И покрај напорите да се намали зависноста од руските енергетски извори, кои, според Гардијан, ја финансираат воената машина на Владимир Путин, Европската унија во 2024 година купила руска нафта и гас во вредност од 21,9 милијарди евра, според проценките на Центарот за истражување на енергија и чист воздух.
Износот што им е исплатен на Русите е поголем од помошта што ЕУ ѝ ја додели на Украина, која во 2024 година изнесуваше 18,7 милијарди евра.
„Купувањето руски фосилни горива е, сосема јасно, слично на испраќање финансиска помош до Кремљ и овозможување продолжување на инвазијата. Оваа практика мора веднаш да престане за да се обезбеди не само иднината на Украина, туку и енергетската безбедност на Европа“, вели Ваибав Рагунандан, аналитичар на овој институт и коавтор на извештајот.