Фон дер Лајен: Во средината на хаосот, Европа е стабилна

Сподели со своите пријатели

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека земјите од светот се подготвени да соработуваат со сигурни трговски партнери во Европа, откако царините на американскиот претседател Доналд Трамп доведоа до пореметувања на глобалните пазари.

Loading...

„Во сè понепредвидливото глобално опкружување, земјите ширум светот се редат за да соработуваат со нас“, изјави Фон дер Лајен за Политико, без да го именува Трамп или САД.

Глобалниот поредок се менува

Во изминатите недели таа разговараше со лидерите на Исланд, Нов Зеланд, Малезија, Филипините, Канада, Индија и Обединетите Арапски Емирати, кои бараат „силни и сигурни партнери“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Планот на Трамп за Украина ќе заврши во руските учебници

Според неа, глобалниот поредок се менува на најсериозен начин од крајот на Студената војна.

Трамп најави реципрочни царини на 2 април, наметнувајќи тарифи од 20 отсто за ЕУ, додека оние за поголемиот дел од остатокот од светот изнесуваат 10 отсто.

Бидејќи финансиските пазари паднаа една недела подоцна, тој ги суспендираше повисоките царини на 90 дена за да го отвори патот за преговори за трговски договор, според Политико, пренесува Танјуг.

„Довербата во ЕУ расте“

Земјите од ЕУ продолжуваат да плаќаат царини од 10 отсто, како и 25 отсто за извоз на челик, алуминиум и автомобили, додека САД и Кина воведоа троцифрени царини меѓусебно.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Харвард возвраќа и ја тужи администрацијата на Трамп

Доколку Трамп ги врати реципрочните царини, глобалната трговија би можела да падне за 1,5 отсто оваа година, а Северна Америка е најтешко погодена, предвидува Светската трговска организација (СТО).

Фон дер Лајен ја истакна веродостојноста на Европа како контраст на нестабилноста.

Таа додаде дека како резултат на ваквите превирања расте довербата во ЕУ, а и кај нејзините граѓани, посочувајќи на истражувањето на Евробарометар што покажува дека 74 отсто го поддржуваат членството во ЕУ, што е највисоко ниво во последните 40 години.

„Тоа кажува многу. Во средината на хаосот, Европа е стабилна, со фундаментални вредности, подготвена да го обликува она што следува“, нагласи Фон дер Лајен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мерцедес, златни прачки, кеш... Сопруга на моќен сенатор земала мито за него