Телото на папата Фрањо изложено во домот Света Марта

Сподели со своите пријатели

Телото на папата Франциско, кој почина вчера во Ватикан, е изложено во куќата на Света Марта.

Loading...

Откако беше избран да раководи со Католичката црква, папата Франциско го избра овој дом за место каде што ќе живее.

Во овој дом ќе преноќат кардиналите кои ќе го изберат новиот папа по 9 дневна жалост во Ватикан.

Во 9 часот утринава во Ватикан започна состанокот на кардиналите на кој ќе се одлучува кога ќе се одржи погребот.

Се очекува папата Франциско да биде погребан меѓу четвртиот и шестиот ден по неговата смрт.

На оваа средба на кардиналите ќе се одлучи и кога телото на папата Франциско ќе биде пренесено во базиликата Свети Петар каде верниците ќе можат да оддадат почит.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што работи папата? Ова се должностите и овластувањата на поглаварот на Католичката црква!

Според неофицијални медиуми, телото би можело да биде пренесено во среда наутро.