Утревечер хуманитарна изложба за Александар и Мартина

Сподели со своите пријатели

Околу 40 уметнички дела утревечер ќе бидат изложени во кумановскиот кафе бар „Револушн“ кои ќе бидат понудени на продажба на исте зиантересирани кои со купување на една од нив ќе донираат парични средства за лекувањето на Мартина и Александар.

Делата се на водителката Драгана Спасовска која на оваа идеја дошла со желба да им се помогне на дечињата за чие лекување се потребни 100 илјади евра, пари кои самите не можат да си ги обезбедат.

Освен тоа, кафе барот за сите присутни ќе обезбеди и добра забава со Ивона, Марко, Боки и DJ Guardian. Настанот ќе започне во 19 часот, а организаторот ве повикува да се забавувате и да бидете хумани.

Инаку можете да донирате и преку својот мобилен телефон, со еден повик донирајте 100 денари.

ОНЕ: 075 143 476

ВИП: 077 143 476

Т-Мобиле: 070 143 144

 

Можете да донирате и со уплата на парични средства на банкарска сметка.

Име: Јасмина Додевска
Централна-кооперативна банка а.д. Скопје
Број на жиро сметка: 320500025832633