Приведен 42-годишен кумановец. Нападнал полицајци.

Сподели со своите пријатели

Четириесет и двегодишник од Куманово бил приведен ноќва поради физички напад врз полициски службеници.

Loading...

– На 17.04.2025 во 00.40 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Б.(42) од Куманово затоа што физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Концерт на Дарко Тодоровски во петок во Занаетчискиот дом