Поплави и бури погодиле над 400.000 луѓе во Европа во текот на 2024 година

Сподели со своите пријатели

Во 2024 година Европа беше погодена од големи поплави и бури кои погодија 413.000 луѓе, се вели во извештајот за состојбата на климата во Европа.

Loading...

Според извештајот на Европската служба за климатски промени и Светската метеоролошка организација (WMO), екстремните временски услови се резултат на зголемувањето на температурата поради глобалното затоплување, додека фосилните горива придонеле за најтоплата година на континентот, пишува Гардијан.

Поплавите зафатија 30 отсто од европската речна мрежа, а 12 отсто од поплавите го преминаа прагот на „тешки“ поплави.

Најголема штета предизвикаа поплавите во централна Европа во септември и во источна Шпанија во октомври, кои предизвикаа повеќе од 250 од вкупно 335 смртни случаи од поплавите во Европа во 2024 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Суданската паравоена група РСФ прогласи формирање на паралелна влада

Експертите истакнуваат дека овие катастрофи станаа поинтензивни и почести поради глобалното затоплување.

Извештајот, исто така, укажува на рекорден топлотен бран што ја погоди Југоисточна Европа во јули 2024 година, додека високите температури низ континентот придонесоа за разорни пожари кои зафатија 42.000 луѓе, пренесува Танјуг.

Во Португалија за само една недела во септември изгореа околу 110.000 хектари.

Експертите за клима предупредуваат дека континуираното глобално затоплување, моментално на 1,3 степени над прединдустриските нивоа, ќе доведе до уште посериозни последици, вклучително и екстремни временски настани како што се поплави, пожари и топлотни бранови.

Loading...

Европа се загрева двојно побрзо од глобалниот просек, а ЕУ планира да постигне нула емисии на стакленички гасови до 2050 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Силен земјотрес го погоди Авганистан

Активистите за климата бараат итна промена на климатските цели на ЕУ за да се обезбеди поголема одговорност на компаниите за фосилни горива и да се запре развојот на нови проекти кои загадуваат.