Кога се работи за трагична авионска несреќа, секогаш се зборува за пронаоѓање на црната кутија. Што навистина се наоѓа во неа се потрудиле да ни објаснат група „јутјубери“.
Црната кутија, која всушност и не е црна, земена е од ловецот „мираж 2000“, а може да послужи како добар показател за тој уред во сите летала.
Може да издржи температури до илјада степени целзиусови и огромен притисок, до 3.400 пати сила на земијаната тежа. Тоа и е потребно да ги сочува важнит еинформации кои може да утврдат што се случило со авионот.
Целта на црната кутија е да ги сочува најважнит еинформации за летот – правец на летање, брзина, височина, отчитување на сензори, аудио врска, разговор ан пилотите, радио комуникацијата со контролата на летање, како и сите други податоци потребни за утврдување на причините за падот.
Се се чува на чип кој се наоѓа заштитен во внатрешноста на кутијата под неколку различни слоеви издржлив материјал.
Loading...