Жител на Горно Којнаре ќе одговара за давање лажен исказ во полиција
On:
Сподели со своите пријатели
Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против М.М.(55) од с. Горно Коњаре поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање лажен исказ“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Имено, на 17.08.2015 година, пријавениот во управна постапка за издавање на дупликат возачка дозвола дал лажна изјава дека неговата возачка дозвола му е одземена од страна на непознат сторител заедно со неговиот паричник од неговиот камион во Р. Романија, при што од страна на МВР му е издадена дупликат возачка дозвола.
Од преземени мерки преку Министерството за внатрешни работи на на Република Романија утврдено било дека пријавениот дал лажна изјава односно неговата возачка дозвола е привремено одземена од страна на полицијата на Република Романија заради предизвикана сообраќајна незгода.